Гранудацин (Антисептик )250 мл

Цена: 810 ден

1012

Антисептичен раствор со широко поле на примена (интраоперативно, постоперативно, дезинфекција и третман на рани (акутни, хронични (ДЕКУБИТУСИ, венски улкуси и дијабетични рани), изгореници)).

Се применува на секаков вид отворени рани независно од состојба и длабочина на раната.

Според последниот светски консензус за антисептици е прва линија за МРСА, ВРСА, ОРСА, ОРЕ и со одлична ефикасност против сите бактерии, бактерии отпорни на антибиотици, габи, спори и вируси.

Се применува за подготовка на кожа и мукозни мембрани, пред катетеризација на мочен меур, антимикробно премивање на целото тело, единствен антисептик кој може да се користи за лаважа на перитонеум.

Не е цитотоксичен, не боли и може да се користи од 0 години па нагоре (може да се обработува и папочето кај новородени бебиња што доволно говори за неговиот безбедносен профил) за време на секоја хируршка интервенција, фистули и абцеси……

Може да се комбинира со сите современи преврски за рани (чистењето на раната се прави само со него).

Има најбрзо време на реакција во однос на микроорганизмите 15-30 секунди.

Не се пере со физиолошки раствор, туку се остава на раната. Нема контраиндикации.

 

Откако ќе се отвори треба да се искористи во рок од 60 дена.

 

Дополнително инфо може да најдете на сајтот

https://www.molnlycke.com/wound-types/wound-irrigation/

ПРЕПИШУВА |
SKU: 1012 Категории: ,
Медицински Индикации

/