Електромоторна инвалидска количка

Цена: 121,469 ден

FS112LAF1
Шифра | 3107

Електромоторна инвалидска количка со алуминиумска рамка која се преклопува која е лесна за движење и транспорт.
Количката има контролер со џојстик со кој е лесно да се оди напред, да се сврти назад, да се сврти лево и десно и да се сврти 360°, со петстепен менувач. Контролорот може да се намести на левата или десната страна.
Материјалот на седиштата и потпирачот за грб е изработен од воздушно пропустлив најлон кој е цврст и мек.
Количката доаѓа со фиксирани потпирачи за раце и потпирачи за нозе кој може да се поместуваат.
На количката има и појас за безбедно возење.

СПЕЦИФИКАЦИИ НА FS112LAF1

Вкупна должина: 100 см
Вкупна ширина: 63 см
Вкупна висина: 93 см
Ширина на седиште: 46 см
Длабочина на седиште: 44 см
Висина на седиште: 48 см
Висина на потпирач за рака: 21см
Висина на потпирач за грб: 43 см
Дијаметар на предни тркала: 20 см
Дијаметар на задни тркала: 31см
Максимална тежина на корисникот: 100 кг
Капацитет на батеријата: 15Ahx1=15Ah
Далечина од полнење: 17 км
Моќност на моторот: 200 Wx2
Брзина на час: 1-6 км/ч

Се пребришува со влажна крпа.
ПРЕПИШУВА | Правото на инвалидска количка се утврдува врз основа на потврда потпишана од двајца специјалисти, од кои едниот со специјалност по физијатрија или ортопедија, другиот со специјалност по физијатрија, ортопедија, неврологија, невропсихијатрија или хирургија, а го потврдува со наод мислење лекарската комисија на Фондот.
Медицински Индикации

B91 секвели од полиомиелит
G10-G13 системски атрофии што примарно го зафаќаат централниот нервен систем
G20-G26 екстрапирмидални заболувања и заболувања на движењето
G30-G32 други дегенеративни болести на нервниот систем
G35-G37 демиелинизирачки болести на централниот нервен систем
G60-G64 полиневропатии и други заболувања на периферен нервен систем
G71-G72 болести на мионевралната спојка на мускул
G81(G81.0-G81.9) хемиплегија
G82 (G82.0-G82.5) параплегија и
тетраплегија
I69 (I69.0-I69.8) секвели од цереброваскуларна болест
M05; M06; M07; M08; M10 воспалителни полиартропатии
M15.9 полиартроза неозначено
M30-M36 системски заболувања на сврзното ткиво
Z89 (Z89.5-Z89.8) стекнат недостиг на долен екстремитет
Z96.6 присуство на ортопедски зглобни имплантанти на нога
T93.2; T93.6;T93.9 секвели од повреди на долен екстремитет
Т95.3 и Т95.9 секвели од изгореници,корозии и смрзнатини
Индикации исти како кај Инвалидска собна количка-стандар, со потежок степен на телесен хендикеп, за осигурени лица што се на школување и во работен однос.
Индикационо подрачје – кај лица со највисок степен на онеспособеност на локомоторниот систем, кога поради парализа или деформитет на раката и ногата неможат активно да движат количка на рачен погон, но со движење на прстите или главата може да управува со електромоторна количка