Троножен бастум
Цена: 1,103 ден
Шифра | 7101 КАРАКТЕРИСТИКИ
- За постабилна потпора и посигурно движење
- Наменет за лица кои имаат потреба од потпора при движење во и надвор од домот
- Се подесува по висина на спуштената рака во странична положба на потпирање
- Прилагодлива висина
- Нерѓосувачка површина
- Долниот врв е изработен од анти-лизгачка гума
СПЕЦИФИКАЦИИ
Материјал: алуминиум, полипропилен и гума
Висина: 73-96цм
Максимална оптовареност: 135 кг
Силиконски влошки
Цена: 1,200 ден
Изработена од медицински силикон со различни густини, што обезбедува рамномерно распоредување и апсорбирање на најголемиот притисок од тежината на телото врз стапалата, зглобовите на глуждовите и колената.
U – Силиконски влошки за пета
Цена: 500 ден
Силиконски влошки со отвор на петата. Го апсорбираат притисокот од телесната тежина врз петата и ја растеретуваат Ахиловата тетива.
Силиконски влошки за пета
Цена: 550 ден
Силиконски влошки. Го апсорбираат притисок од телесната тежина врз петата и ја растеретуваат Ахиловата тетива.
Силиконски влошки за пета
Цена: 650 ден
Силиконски влошки. Го апсорбираат притисок од телесната тежина врз петата и ја растеретуваат Ахиловата тетива.
Корективни гаќички за корекција на абдукција на кокловите по Вехер
Цена: 801 ден
Шифра | 2604 Veher –овите гаќички за абдукција се посебен производ за новороденчиња. Овие гаќички се употребуваат превентивно за спречување на дисплазија на колковите кај новороденчиња, за таканареченото абдукционо позиционирање. Едноставно се поставуваат врз пелените на бебето (или се поставуваат над облека), поставувајќи ги нозете во оптимална позиција за корективен развој на колковите. Го заменуваат застарениот метод на употреба на три текстилни пелени. Достапни се во три величини и изработени се од ткаенина која може лесно да се чисти.
Корективно помагало (ремен) за исчашени колкови по Павлик
Цена: 400 ден
Шифра | 2603 Обезбедува активни движења на колковите. Динамичка ортоза. Превенира во лежечка позиција при абдукција. Достапна во три величини.
Шансова кравата дводелна
Цена: 739 ден
Шифра | 2502 Дава поддршка и олеснување на напрегнатоста на вратниот дел од ‘рбетот, а овозможува и имобилизација. Се фиксира со велкро лепенка. При мерење се поставува главата во неутрална положба. Се мери висината на брадата до врвот на пектусот во права линија. Се мери и обемот на вратот.
Шансова кравата едноделна
Цена: 400 ден
Шифра | 2501 Дава поддршка и олеснување на напрегнатоста на вратниот дел од ‘рбетот, а овозможува и блага имобилизација. Може да се носи и при спиење. Се фиксира со велкро лепенка. При мерење се поставува главата во неутрална положба. Се мери висината на брадата до врвот на пектусот во права линија. Се мери и обемот на вратот.
Пасивна надлакотна ортоза од пластична маса
Цена: 6,229 ден
Шифра | 2402 Ортоза изработена од лесен и издржлив пластичен материјал, пресвлечен од внатрешната страна за да овозможи удобност. Се протега од лактот до над рамото за да оневозможи изместување. Деловите од ортозата се споени со ленти, што овозможува прилагодување на ширината на ортозата на градбата на пациентот. На пластичниот материјал има дупчиња за ослободување на топлината и влагата. Ортозата има и ремен кој оди преку градите под другото рамо и служи за фиксирање на положбата на ортозата и повредената рака. .Големината на производот се одредува спрема скалата на мерки на самата кутија.
Ортоза за бандажирање на рамо
Цена: 1,200 ден
- Имобилизација на рамо и надлактица
- Изработена од погоден материјал за поголема мекост и удобност
- Ремен преку рамената со кој се подесува висината и положбата на раката што треба да се имобилизира (под агол од 90° во лактот)
- Има дополнителна лента која се поставува преку градниот кош за фиксирање на положбата и подобра имобилизација
- Лесна е за употреба
Митела за фиксација на горни екстремитети
Цена: 350 ден
Постоперативна и посттрауматска имобилизација на рамо. Ременот што оди преку рамото ја позиционира раката под агол од приближно 90°, а ременот на грбот ја стабилизира таа позиција.Големината на производот се одредува спрема скалата на мерки на самата кутија.
Митела за фиксација на горни екстремитети
Цена: 550 ден
Постоперативна и посттрауматска имобилизација на рамо. Ременот што оди преку рамото ја позиционира раката под агол од приближно 90°, а ременот на грбот ја стабилизира таа позиција.Големината на производот се одредува спрема скалата на мерки на самата кутија.
Ортоза за бандажирање на рамо
Цена: 2,350 ден
- Имобилизација на рамо и надлактица
- Изработена од погоден материјал за поголема мекост и удобност
- Ремен преку рамената со кој се подесува висината и положбата на раката што треба да се имобилизира
- Лесна е за употреба
Надлакотен корективен апарат со механизам за корекција во лакотен зглоб (Редерсман)
Цена: 7,919 ден
Шифра | 2401 Ортоза изработена од алуминиум, сунѓерест материјал и централен мултиункционален зглоб со опсег на виткање 0°-120°, опсег на растегнување 0°-30° и градација од 10° и 15°. Ја има за лева и десна страна.
Стегач за лакот
Цена: Original price was: 649 ден.584 денCurrent price is: 584 ден.
Специјално дизајнирано перниче прави притисок и ја намалува болката и прави растеретување на тетивата. Се прицврстува со леплива лента, што овозможува правилно позиционирање на перничето врз соодветниот мускул, како и прилагодување на затегнатоста на држачот според потребите на пациентот.Универзална големината.










