Столче за бањање (ротирачко седиште и прилагодлив држач за када)
Цена: 8,290 ден
Бастум со светилка
Цена: 1,120 ден
Ортоза за бандажирање на рамо
Цена: 1,050 ден
176
Ортоза за бандажирање на рамо изработена од висококвалитетна неопренска ткаенина, која е мека и високо еластична, има долг век на траење и добра пропустливост на воздух. Ја поттикнува циркулацијата на воздухот, ја впива влагата и потта со што ги одржува вашите рамена суви. Со прилагодливиот дизајн можете да ја прилагодите должината по желба, а со тоа да обезбедите добро прилагодување и прилепување. Дизајнирана е да обезбеди стабилност на рамената, со што го намалува притисокот и напрегањето за време на тренинг, помага во намалување на болката во рамената и ризикот од повреда.
Карактеристики
- Имобилизација на рамо и надлактица
- Двојна компресија за зајакнување на потпората на рамената
- Го ограничува вашето движење со што спречува понатамошни повреди и го забрзува процесот на закрепнување
- Ја ублажува болката во зглобот и рамото и спречува повреди и движење за време на спортување
- Ергономски дизајн кој овозможува да се носи од двете страни
- Удобна за носење во текот на целиот ден, под маица или над маица
- Лесна за облекување и соблекување
- Погодна за многу спортски активности како што се кошарка, фудбал, тенис, фитнес, аеробик, ракомет, одбојка, трчање, планинарење… како и за секојдневни активности, тренинзи и сл.
Се пере рачно во млака вода.
ПРЕПИШУВА |
SKU:
176
Категории: Горни Екстремитети, Ортопедија, Рамо
Медицински Индикации
Посттрауматски повреди
Постоперативни состојби
Дополнителни информации
| Лева/Десна |
Лева ,Десна |
|---|
Слични производи
Појас за спуштен стомак (4 ленти)
Цена: 1,148 ден
Појас за спуштен стомак изработен од мека, дишечка и лесна траенина која е доволно флексибилна за совршено да се прилагоди на природната форма на вашето тело. Идеален за секојдневна употреба, лесен за поставување, прилагодување и отстранување. Препорачан за употреба при лесна до умерена болка во грбот, по операција на грб/'рбет, за абдоминална поддршка, по породување.
Индикации
- Заштита по операција и поддршка на стомакот
- Постурална хипотензија поради повреда на цервикалниот 'рбетниот мозок
- Изработен од висококвалитетен еластичен материјал
- Обезбедува компресија и поддршка на абдоминалната област
- Затворање со кука и јамка за лесно прилагодување
- Растеглив за да одговара на природните облини на вашето тело
Одберете Опција
This product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
Коленска ортоза со странични фишбани
Цена: 1,210 ден
Коленска ортоза со странични фишбани направена од беспрекорен, четиринасочен растеглив еластичен материјал за удобно вклопување. Погодна за спортисти, луѓе со дислокација на пателата или чести истегнувања на коленото, работници кои редовно мораат да клекнуваат или да се качуваат по скали (сервисери, хигиеничари), луѓе со нестабило колено.
Карактеристики на производот
- Двостраните спирални челични држачи го спречуваат валгус или варус отстапување
- Ефектот на компресија го намалува едемот и хематомот
- Флексибилната компресија обезбедува поддршка на коленото и ја подобрува проприоцепцијата
- Ги затегнува мускулите на коленото
- Ги ублажува отокот и болката на коленото при повреда на мускулите или тетивите околу коленото
- Спречува повреди на коленото
- Го распределува притисокот и ги поддржува зглобовите на коленото од сите страни
- Може да се свиткува според движењето на зглобот на коленото
- Рехабилитација по сериозни повреди или операција на менискусот на коленото
- Лесна за одржување (се пере рачно во млака вода)
- Блага нестабилност на зглобот на коленото
- Артикуларен излив и оток
- Хронично воспаление по операција или траума
- Синдром на пателофеморална болка
- Истегнување на мускулите околу зглобот на коленото
Одберете Опција
This product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
Пасивна подлакотна ортоза
Цена: 4,253 ден
Пасивна подлакотна ортоза дизајнирана да имобилизира и да обезбеди цврста поддршка на раката и зглобот во различни ортопедски состојби. Го имобилизира зглобот во функционална положба, додека овозможува целосен опсег на движење на прстите и палецот.
Индикации
- Синдром на карпален тунел
- Нестабилност на зглобот поради повреда на триаголен комплекс на фибро'рскавица (TFCC).
- Парализа на радијалниот нерв
- Извртување и истегнување на зглобот
- Рано отстранување на гипс
- Ревматичен артритис
- Тендинитис или тендинопатија
- Ганглиска циста
- Изработена од перфориран велур со фланелна постава за голема удобност
- Отстранлив палмарен држач за поголема имобилизација
- Постава која обезбедува удобност и лесно нанесување
- Растеглив еластичен материјал за одлична компресија
- Обезбедува силна поддршка за слаби, повредени, вкочанети или извртени зглобови
- Обезбедува удобност и олеснување на болка
- Со отстранлива алуминиумска шина, две фиксни пластични шини и три прилагодливи ленти со велкро, дава максимална поддршка и стабилност а воедно и обезбедува совршено прилагодување
- Може да се користи и додека спиете
- Погодна за секојневни активности (канцелариска работа/домашни работи)
Одберете Опција
This product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
Стегач за натколеница
Цена: 620 ден Original price was: 620 ден.558 денCurrent price is: 558 ден.
Стегач за надколеница изработен од беспрекорен, четиринасочен растеглив еластичен материјал кој и овозможува на кожата да дише, брзо ја апсорбира и исфрла влагата на површина со што мускулите ги одржува топли а кожата сува. Врвна удобност со силиконски ленти со двоен раб кои спречуваат лизгање и го намалуваат триењето. Еластичниот и флексибилен дизајн обезбедува цврсто прилагодување за левата и за десната нога, за мажи и за жени. Идеален за трчање, кошарка, фудбал, тренинзи и дневни активности.
Карактеристики на производот
- Ги ублажува болките и ги стабилизира мускулите на бутот додека се активни
- Лесниот и тенок дизајн обезбедува поддршка на тетивите и зглобовите, за да ја одржи вашата нога здрава и подвижна
- Четири целни зони на компресија кои ја зголемуваат стабилноста, циркулацијата и спречувањето на повреди
- Овозможува целосно слободно движење и е погоден за трчање, планинарење, кампување
- Ја подобрува циркулацијата на крвта
- Го намалува времето на закрепнување
- Хронично воспаление по операција или траума
- Истегнување на мускулите, модринки на мускулите или грчеви во мускулите на бутот
- Повремен артритис или тендинитис
- Слабост и истегнување на тетивите
- Замор на нозете
- Општа болка од спорт
Одберете Опција
This product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
Стегач за подколеницата
Цена: 738 ден
Стегач за подколеница изработен од беспрекорен, четиринасочен растеглив еластичен материјал кој и овозможува на кожата да дише, брзо ја апсорбира и исфрла влагата на површина со што мускулите ги одржува топли а кожата сува. Врвна удобност со силиконски ленти со двоен раб кои спречуваат лизгање. Еластичниот и флексибилен дизајн обезбедува цврсто прилагодување за левата и за десната нога, за мажи и за жени. Идеален за вашите секојдневни потреби.
Карактеристики на производот
- Висока издржливост и еластичност
- Подобрување на циркулацијата на крвта во нозете
- Помага во стеснување на ѕидот на вените
- Намалување на проширените вени
- Намалување на болките во потколениците и грчевите во листовите
- Го поттикнува закрепнувањето и ги намалува повредите
- Ги намалува заморот, болката и отокот во мускулите
- Погоден за сите спортски активности кои предизвикуваат голем товар на листовите, како што се: трчање, одење, тренинг, маратон, џогирање, возење на велосипед, теретана, кошарка, планинарење, фудбал, одбојка
- Хронично воспаление по операција или траума
- Истегнување на мускулите, модринки на мускулите или грчеви во мускулите
- Акутен оток
- Артритис или тендинитис
- Фрактура
- Вкочанети или болни мускули и зглобови
Одберете Опција
This product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
Коленска ортоза со странични фишбани
Цена: 1,290 ден Original price was: 1,290 ден.1,161 денCurrent price is: 1,161 ден.
Коленска ортоза со странични фишбани изработена од четиринасочна еластична, флексибилна и антибактериска ткаенина од природно потекло, два странични и два медијални спирални челични држачи кои обезбедуваат дополнителна поддршка и стабилност на коленото, без да го ограничат движењето. Анатомски дизајн кој овозможува подобро да се прилагоди на обликот на ногата и коленото, што исто така ја прави поудобна за носење. Погодна за лица со нестабилно колено и лекување на мали трауми. Идеална е за нега и заштита на коленото при спортување или секојдневни активности.
Карактеристики на производот
- Обезбедува ефикасна поддршка и компресија за намалување на болката и отокот
- Помага во подобрување на циркулацијата на крвта
- Обезбедува цврста подршка и компресија на мускулите и зглобовите
- Заштита на зглобовите и мускулите на коленото
- Висока еластичност
- Цврста прилагодливост
- Максимална удобност при носење
- Го намалува отокот и обезбедува општа потпора за слаби и повредени колена
- Мала нестабилност на коленото
- Артикуларен излив и оток
- Истегнување на мускулите околу зглобот на коленото
- Остеоартритис
- Ревматоиден артритис
Одберете Опција
This product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
Ортоза за колк
Цена: 2,930 ден
Ортоза за колк изработена од висококвалитетна неопренска ткаенина со памучна подлога за дополнителна удобност, која обезбедува задржување на топлината и компресија што помага во ублажување на болката како и брзо закрепнување од повреди. Удобен внатрешен мрежест дизајн со силна пропустливост на воздух, ефикасно ја апсорбира влагата и потта а со тоа ја одржува вашата кожа сува. Совршена за мажи, жени и постари лица, без разлика дали сте спортист, канцелариски работник или само сакате да се ослободите од болката. Користете ја за време на вежбање, работа или дома.
Индикации
- Воспаление на зглобовите
- Нестабилност на карлицата или колкот
- Дисфункција на зглобот
- Повреда на колк
- Изместени/истегнати мускули на препони
- Скината тетива
- По операција на колк
- Артритис
- Универзална големина
- Обезбедува контролирана и рамномерна компресија врз колкот
- Стабилизарање на карлицата по пукнатина или повреда
- Одговара на левиот и на десниот колк
- Прилагодлив систем за компресија кој промовира безбеден проток на крв, а воедно обезбдеува оптимална поддршка
- Помага во процесот на закрепнување од разни повреди, вклучувајќи болка во ишијадичниот нерв, истегнување на препоните, извртувања и проблеми со тетивите
- Лесен и компактен дизајн кој ја прави неверојатно пренослива
- Врши смирувачка компресија на долниот дел од грбот, задникот, карлицата и нозете
Одберете Опција
This product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
Еластичен корсет за кифоза
Цена: 610 ден Original price was: 610 ден.549 денCurrent price is: 549 ден.
Еластичниот корсет за кифоза е одлично помагало за корекција на лошото држење на телото како и искривување на рамото. Има облик на бројот 8 што помага да се имобилизира и да се забрза процесот на заздравување на повредена или скршена клучна коска. Неговото затворање со кука и јамка ќе ви овозможи лесно да го поставите и отстраните сами. Погоден е за деца и возрасни.
Индикации
- Тркалезно рамо
- Грпка
- Повреда/фрактура на клучна коска
- Постоперативна поддршка
- Лошо држење на телото/рамото
- Затворање со кука и јамка за лесно прилагодување
- Прерамки за рамо полни со пена за поголема удобност
- Го подобрува држењето на телото со зајакнување на мускулите на вратот и горниот дел од грбот
- Ви помага да ја подобрите силата на горниот дел од грбот
- Ве потсетува да го држите грбот исправен а рамената назад додека седите, стоите или одите
- Го намалува притисокот врз долниот дел од грбот
- Лесен за одржување (се пере во ладна вода)
Одберете Опција
This product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
Коленска ортоза со странични фишбајни (детски)
Цена: 1,150 ден
Коленска ортоза со странични фишбајни за колатерална стабилизација на коленото кој спречува валгус или варус девијација. Спречува хиперекстензија и ја зголемува циркулацијата на крвта преку топол ефект.
Карактеристики на производот
- Отворен дизајн на патела
- Шарките скриени во џебовите нудат супериорна стабилност
- Затворања со куки и јамки над и под коленото
- Нестабилност на коленото или нестабилност на пателата
- Истегнување на коленото
- Јувенилен артритис
- Контузија на коленото или излив на зглобот
ГЕЛ Cold & Hot Pack
Цена: 480 ден
Стегач за скочен зглоб-Големина Л
Цена: 2,150 ден
Стегачот за скочен зглоб е пријатен за носење, а истовремено дава блага компресија и подршка на зглобот. Дополнителните силиконски перничиња овозбожуваат целосна стабилизација на зглобот. Големината на производот се одредува спрема скалата на мерки на самата кутија.
Големината се одредува со мерење на обемот на глуждот.
L: 25-30 цм
Коленска ортоза за фиксација на патела Cool-Fit
Цена: 2,520 ден Original price was: 2,520 ден.2,268 денCurrent price is: 2,268 ден.
Ортоза со отворот за пателата, што дава стабилизација и спречува нејзино изместување. Едноставно за навлекување и пријатно за носење давајќи стабилност и сигурност при движењата. Големината на производот се одредува спрема скалата на мерки на самата кутија.
- Дизајнот одговара на повеќе големини на колена;
- Низок притисок на дизајн на пателата;
- Идеално за благо напрегање на мускулите околу зглобовите на коленото и зглобно отекување











