Тоалетно столче
Тоалетно столче изработено од безбедна рамка од јаглероден челик во сива боја, висококвалитетен и издржлив EVA материјал кој обезбедува удобност како и потпирачи за раце изработени од водоотпорен и нелизгачки ABS материјал од двете страни. Ова столче има фиксно перниче, подвижно седиште за попријатна хигиена, пластична тоалетна школка со модерен, но дискретен дизајн која лесно може да се извлече и исчисти, а воедно е неверојатно практична и удобна. Дополнително, столчето има нелизгачки гумени ногарки отпорни на лизгање, што го прави погодно и за употреба во бања. Погодно за постари лица, лица со попреченост, пациенти на рахабилитација. Наменето за болници, старечки домови, како и за домашна употреба.
Карактеристики на производот
- Стабилно, цврсто, издржливо
- Лесно се позиционира покрај кревет, или каде ви е потребно
- Лесно за склопување
- Го олеснува седнувањето и станувањето, давајќи ви стабилност
- Практична прилагодлива висина
- Голем капацитет со лесно вадечка кофа со капак кој спречува прскање, мирис и истурање
- Спречува паќање или постојано барање помош за да седнете
- Обезбедува стабилност и комфор за време на употреба
- Максимална тежина на корисникот: 100кг
Тоалетно столче
Тоалетно столче изработено од безбедна рамка од јаглероден челик, висококвалитетен и издржлив EVA материјал кој обезбедува удобност како и потпирачи за раце изработени од водоотпорен и нелизгачки ABS материјал од двете страни. Ова столче не е само помошна алатка за тоалет, туку беспрекорно се трансформира во потпорна туш столица, прилагодлива безбедносна рамка за тоалет и подигнато седиште за тоалет. Неговиот мултифункционален дизајн ги задоволува различните потреби на корисникот. Дното е опремено со одвојлива кофа која лесно може да се извлече за практична употреба и лесно чистење. Дополнително, столчето има нелизгачки гумени ногарки отпорни на лизгање, што го прави погодно и за употреба во бања. Погодно за постари лица, лица со попреченост, пациенти на рахабилитација. Наменето за болници, старечки домови, како и за домашна употреба.
Карактеристики на производот
- Стабилно, цврсто, издржливо
- Лесно се позиционира покрај кревет, или каде ви е потребно
- Лесно за склопување
- Го олеснува седнувањето и станувањето, давајќи ви стабилност
- Практична прилагодлива висина
- Голем капацитет со лесно вадечка кофа со капак кој спречува прскање, мирис и истурање
- Обезбедува стабилност за време на употреба
Електромоторен додаток за инвалидска количка
Електромоторен додаток за инвалидска количка (црн) кој многу брзо и лесно може да се поврзе на повеќе видови инвалидки колички. Има висококвалитетна суспензија и диск сопирачка, што се користи за мотоцикли. Со лед дисплеј на кој се гледа брзината, статусот на батеријата, движењето напред/назад.
Карактеристики:
- Димензии: 1020х530х800мм
- Максимална брзина на движење: 15км/h
- Максимален наклон на возење: 6степени
- Издржливост: 50км
- Максимална носивост: 150кг
- Големина на гума: 12инчи
- Електромагнетна сопирачка
- Батерија: литиумска 13Ah
- Полнач: AC 100V-240V
- Мотор: 36V/350W
- Време на полнење: 3-6часа
Електрична количка за качување по скали
Електрична количка за качување по скали дизајнирана да им помогне на постарите лица и лицата со потешкотии во движењето при качување по скали. Има прилагодлив агол на искачување кој се прилагодува на различни типови на скали како што се дрвени, метални или бетонски. Компактна и лесно склоплива, идеална за домови, болници и јавни установи.
Карактеристики:
- Алуминиумска рамка со антикорозивен слој за долготрајна издржливст
- Големина (расклопена): 135х56х60см
- Големина (преклопена): 106х57х38см
- Максимална тежина на корисникот: 169кг
- Мотор: 120W
- Литиумска батерија: 24V*15Ah
- Висина помеѓу седиште и земја: 48см
- Издржливост (нагоре/надолу): 80ката
- Време на полнење: 3-5часа
2 во еден Електрична количка за качување по скали и Електомоторна колчка
Електрична количка за качување по скали иновативно дизајнирана за лица кои се соочуваат со предизвици со скали и подвижност на отворено, особено за лица со сериозни повреди, постари лица, лица со хендикеп. Вклучува електрични шини и под, овозможувајќи лесно кревање и трансформирање во електрична инвалидска количка. И покрај тоа што има три мотори, од кои два за електричната инвалидска количка и еден за качување по скали, рамката е преклопна, што ја прави лесно пренослива и удобна за транспорт. Компактната преклопена големина овозможува да се смести во багаж или да се носи како електрична инвалидска количка, идеално за оние кои се во движење.
Карактеристики:
- Вкупна големина: 151х57х60см
- Склопена големина: 106х50х26см
- Големина на седиште: 47х42см
- Максимална тежина на корисникот: 169кг
- Мотор: 120W
- Литиумска батерија: 24V*15Ah
- Висина помеѓу седиште и земја: 48см
- Предно тркало: 12инчи
- Задно тркало: 14инчи
- Издржливост (нагоре/надолу): 83ката/20км
- Брзина: 40скали во минута
- Радиус на вртење: 0,8м
- Преминување на пречки: 2см
- Време на полнење: 3-5часа
Трапез со основа
Трапез со основа кој им овозможува на пациентите и постарите лица безбедно менување на положбата. Овозможува преместување од седечка во лежечка положба, менување на страна во креветот, го олеснува легнувањето и станувањето од креветот, давајќи им целосна слобода да стануваат и да се симнуваат. Погоден за болнички како и за домашни кревети.
Карактеристики на производот:
- Рамка - челик
- Боја - бела
- Висина од подот - 174см
- Ширина на основата - 75см
- Должина на основата - 86см
- Должина на офсетна шипка - 72см
- Максимална тежина на корисникот - 136кг
Електромоторна инвалидска количка – Скутер ARES
Електромоторна инвалидска количка - Скутер ARES нуди суштинска мешавина од независност, практичност и удобност за лица со ограничена подвижност. Дизајнирана да им овозможи на корисниците слободно движење по мазни внатрешни и груби надворешни површини.
Карактеристики:
- Рамка - челик
- Боја - сребрена
- Ротирачко седиште кое овозможува лесно качување и симнување
- Брзина - 12km/h
- Автономија - 50km
- Нагорнина - 9степени
- Мотор - 340W
- Батерија - (12Vx2) 56Ah
- Полнач - 24Vx6Amp
- Сопирачки - електромагнетни
- Максимална тежина на корисникот 150кг
- Димензии: 1255х583х965мм
- Прилагодлив управувач
- Подвижни потпирачи за раце
- Ретровизори со кои внимавате на возила, велосипеди и пешаци
- Предна корпа за складирање, совршена за чување на лични предмети или шопинг
- Лесна за расклопување
Механички медицински кревет со една опција Кафен
Механички медицински кревет со една опција Кафен изработен од челична рамка, дрвени плочи и носачи за душек. Прецизно дизајниран да обезбеди исклучителна удобност и функционалност. Овој ортопедски кревет има една опција за преклопување на задниот дел, која овозможува прилагодување на висината на грбот според потребите на пациентот. Обезбедува оптимална удобност, што го прави идеален избор за болници, клиники и здравствени установи.
Карактеристики:
- Ја зголемува удобноста на пациентот со прилагодливо подигнување на грбот
- Внатрешни димензии: 195х85см
- Надворешни димензии: 200х92см
- Висина од подот: 48см (без тркала), 58см (со тркала)
- Максимална тежина на корисникот 200кг
- Агол на навалување на потпирачот за грб: 0 - 80
- Лесен за расклопување и одржување
Болнички кревет со една опција (механички)
Болнички кревет со една опција (механички) изработен од челична рамка, дрвена плоча и метална рачка на коленестото вратило. Прецизно дизајниран да обезбеди исклучителна удобност и функционалност. Овој ортопедски кревет се одликува со единстена карактеристика - промена на наклонот во еден дел, што овозможува прилагодување на висината на грбот според потребите на пациентот. Обезбедува оптимална удобност, што го прави идеален избор за болници, клиники и здравствени установи.
Карактеристики:
- Ја зголемува удобноста на пациентот со прилагодливо подигнување на грбот
- Практичен механизам на коленестото вратило, кој овозможува беспрекорно прилагодување и целосна контрола
- Внатрешни димензии: 200х89см
- Надворешни димензии: 208х92см
- Висина од подот: 48см (без тркала), 60см (со тркала)
- Максимална тежина на корисникот 135кг
- Агол на навалување на потпирачот за грб: 0 - 80
- Лесен за расклопување и одржување
Стол/кревет за преглед
Стол/кревет за преглед изработен од висококвалитетни материјали, вклучувајќи дебела кожа и цврста челична рамка што обезбедува висока издржливост и носивост. Удобен и практичен погоден за амбуланти и болници за нега на пациенти, кој им служи и како столче за преглед и како кревет за дополнителна удобност.
Карактеристики
- Лесно се претвора во кревет
- Лесен за транспорт и складирање
- Димензии (стол): 71х63х58см
- Димензии (кревет): 190х63х90см
- Може да издржи максимална тежина од 150кг
- Лесен за чистење/одржување
Метална патерица потлакотна со подесување на висината четвороножна
Метална патерица потлакотна со подесување на висината четвороножна дизајнирана да обезбеди целосно олеснување во комбинација со удобност. Наменета за лица кои имаат потешкотии во одржувањето на рамнотежа, како помош при повреди, третман на дегенеративно-деформирачки промени, по хируршки зафати...
Карактеристики
- Материјал на основата: челик
- Материјал на рамката: алуминиум
- Материјал за потпора на лактот: полиетилен
- Димензии на основата: 22х16см
- Прилагодлива висина: 79х102см
- Прилагодлива висина на рачката: 23-30см
- Максимална тежина на пациентот: 100кг
Ранец за прва помош
Ранец за прва помош изработен од висококвалитетна оксфорд ткаенина и пластика. Дизајн со голем капацитет кој обезбедува голем простор за организирање и заштита на сите медицински материјали. Одличен избор за секаков вид на прва помош, лична или професионална. Погоден за доктори, медицински сестри, болничари, пожарникари, тренери...
Карактеристики на производот:
- Димензии 48х31х11см
- Капацитет 16L
- Хоризонтална рачка за носење и ремен за на рамо
- Три внатрешни независни транспарентни џебови
- Лесен за одржување
Универзална корпа за подигнување (платно)
Универзална корпа за подигнување изработена од висококвалитетна, цврста и дишечка ткаенина која го поттикнува протокот на воздух, обезбедувајќи максимална удобност на корисникот. Се одликува со извонреден капацитет на тежина и силен капацитет на носење товар, со што претставува идеален избор за нега на лица на кои им е потребна голема поддршка во тешки услови.
Карактеристики на производот:
- Погоден за сите видови кревање на пациенти
- Удобност и практичност за пациентот и помошникот
- Може да се користи за транспорт во положба за инвалидска количка, лежење на кревет како и кревање од под
- Дизајниран за пациенти на кои им е потребна и потпора на главата
- Четири прилагодливи точки на ременот кои нудат прилагодлива поддршка на пациентот во различни ситуации, вклучувајќи трансфер од и до кревет, инвалидска количка, када, туш, столче
- Пластична плоча за да обезбеди удобна седечка положба
- Ремените за нозе се обложени со памук за да спречат повреди на нозете
- Лесна за одржување
Торба за прва помош
Торба за прва помош изработена од висококвалитетна оксфорд ткаенина и пластика на дното на торбата. Доволно голема за да собере широк спектар на материјали и опрема, а воедно останува доволно компактна за складирање и транспорт. Одличен избор за секаков вид на прва помош, лична или професионална.
Карактеристики на производот:
- Димензии 53х32х24см
- Капацитет 40L
- Рачки за носење со велкро и лента за на рамо
- Три внатрешни прегради со велкро, со можност за отстранување
- Еден преден и два странични џеба со патент, што овозможува ефикасно организирање на вашите материјали
- Еден транспарентен џеб за документи на врвот
- Лесна за носење
- Лесна за одржување
Носилка на склопување (алуминиумска)
Преклопна или склоплива носилка, како што е позната, често се наоѓа во итни ситуации за брзо и безбедно пренесување на пациентите. Најчесто се користи во болници, амбулантни возила и бојни полиња за пренос на пациенти и повредени лица.
Карактеристики на производот:
- изработена од материјал од алуминиумска легура со висока цврстина, водоотпорна платнена ткаенина и 2 безбедносни појаси
- може да се преклопи по должина и ширина, лесна за транспорт и складирање
- материјалот е отпорен на оган, вода, не пука и е лесен за чистење
- сигурен квалитет
- лесна за стерилизација
- димензии: 208х55х14см
- тежина: 4.78кг
- толеранција на тежина: 159кг










